Излегоа нови детали за исчезнувањето на Матеј Периш.На пат кон Белград тие застанале во Загреб, каде изнајмиле комбе и купиле и синтетичката дрога спид.
Во Белград пристигнале со изнајмено комбе, каде што ја консумирале оваа дрога пред да излезат надвор. Завршиле во клубот „Готик“, кога Матеј по полноќ истрчал надвор, под неразјаснети околности, за набргу потоа да му се изгуби секаква трага.
Матеј Периш и претходно имал слични испади, односно му се случувало да го напушти клуб и да го снема по десетина часа. Го наоѓаа во неговата куќа, но сега за жал се уште се трага по него по реките Сава и Дунав бидејќи се верува дека по напуштањето на клубот завршил во реката.
Comments are closed for this post.