Македонија се наоѓа на второто место на Балканот по бројот на убиства со мафијашки предзнак, веднаш зад Србија, којашто е лидер во оваа статистика. Како што велат податоците во анализата направена од регионалната телевизија „Н1“, во 2018 година во земјава се случиле 15 мафијашки убиства, што е речиси половина од бртојот на мафијашки убиства во Србија, каде што имало 29.
Како што објаснуваат од телевизијата, ваквите бројки за Македонија се базираат од избештаи на медиумите, затоа што македонската полиција не објавила официјални податоци за ваквата статистика.
По Македонија, на листата по бројот на мафијашки убиства се наоѓа Црна Гора со седум, по што следува Босна и Херцеговина, односно Република Српска, затоа што сите три мафијашки убиства во БиХ се случиле на нејзината територија. Претпоследна е Хрватска со две мафијашки убиства, додека најбезбедно било во Словенија, каде што немало ниту недно убиство повртзано со мафијашки причини дури од 2003 година.
При изготвувањето на анализата, од телевизијата добиле податоци од косовската полиција за вкупно извршени 32 убиства, но во нив спаѓаат семејни убиства, разбојништва, убиство од небрежност и криминални убиства. Како што објаснуваат од „Н1“, повикувајќи се на анализите на косовските новинари, немањето посебна статистика за видот на убиствата е поради тоа што на Косово се уште е на сила „крвната одмазда“.
Comments are closed for this post.