Северин Красимиров (21) е обвинет за силување и убиство со екстремна суровост во случајот на Викторија Маринова, телевизиската новинарка и се наоѓа во притвор.
Kога го носеа во суд, во северниот град Русе на Дунав, тој разговараше со новинарите.
Не знам што се случи. Не можам да се сетам на сѐ. Отидов таму и ја удрив, таа падна. Сакав да продолжам, но таа ме фати, изјави Красимиров за новинарите во ходникот на судската зграда.
Красимиров изрази жалење за тоа што го направил.
Да, виновен сум, многу ми е жал. Не можам да поверувам дека го направив тоа“, рече Красимиров со растреперен глас, кога новинарите го прашаа дали планира пред судот да каже дека е виновен.
Тој неколку пати повторува дека не се сеќава како дошло до убиството, слабо ја помни ноќта кога ја сретнал новинарката, а на прашањето дали ја силувал, вели дека не се сеќава.
Беше прашан и дали бил под дејство на алкохол или наркотици, на што тој одговори дека земал „кристал“.
Веднаш по убиството Красимиров заминал за Германија кај неговата мајка, но беше откриен од германската полиција и уапсен на 9 март, а пред два дена беше екстрадиран во Бугарија.
Телото на триесетгодишната Маринова беше откриено на 6 октомври на кејот на реката Дунав. Вештаците утврдија дека таа прво била силувана а потоа и брутално убиена. Маринова беше уредничка на локална телевизија во Русе што се појавија сомнежи дека убиството било политички мотивирано.
Доколку биде осуден Красимиров ќе добие доживотна казна затвор, без право на помилување.
Comments are closed for this post.