За „Невидливото малцинство во Грција“ освен грчка, Би-Би-Си доби и бугарска „нота“. Ако за грчката беше задолжен грчкиот амбасадор во Лондон, бугарската пристигна од партијата на Бојко Борисов, поточно од европратеникот Андреј Ковачев, кој на Британците им објасни дека „невидливото“ малцинство е всушност бугарско.
„Бев особено изненаден кога пред неколку дена ја прочитав статијата ‘Невидливото малцинство на Грција – македонските Словени’, објавено на вебстраницата на Би-Би-Си. Текстот се занимава со многу важна тема – историските малцинства во северна Грција. Тоа навистина беше табу многу децении. Сепак, историскиот преглед на темата на Балканските војни до денес има голем недостаток. Не постои сомнеж за етничката припадност на негрчките заедници кои живеат на сегашните територии на северна Грција, регионите на Тракија и Македонија. Тие се етнички Бугари не само според светската научна заедница, туку и според грчките историски и архивски документи, пишува во писмото упатено до извршниот директор на Би-Би-Си, Тони Хол Ковачев, член на Европска народна партија (ЕПП) од редовите на ГЕРБ.
Comments are closed for this post.