Косовскиот премиер Рамуш Харадинај им порача на српските власти да ја прифатат реалноста дека Косово е независна држава. Тој е убеден дека дијалогот не е клинички мртов и дека има многу причини за дијалог за да се реши она што не е решено.

-Една работа се знае а тоа е дека Косово постои а на Србија е да одлучи дали ќе биде во добрососедски односи.Тоа е нивен избор-вели премиерот.