Јетлир Зиберај, советникот на шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, тврди дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина не може да биде екстрадиран во Србија.
Тој на својот Фејсбук профил напишал дека има блиска соработка со властите во Северна Македонија за забрзување на процедурата за ослободување на Морина, кој неодамна е уапсен во земјава.
Да бидам јасен: Не постои шанса поранешниот борец за слобода Томор Морина да биде екстрадиран во Србија. Ние имаме блиска соработка со властите во Северна Македонија преку дипломатски и институционални канали, со цел постапката да се спроведе побрзо и Тимор да се врати кај своето семејство, напиша Зиберај.
Comments are closed for this post.