Холандскиот истражувач, историчар и новинар Робин де Рајтер објави книга со наслов „Кој и зошто го уби Слободан Милошевиќ?“, во која објави неколку контроверзни настани кои фрлаат сенка врз официјалната вистина за смртта на поранешниот претседател на Србија во Хаг.
Како особено сомнителен момент, Де Рајтер го истакна настанот од летото 2004 година, за време на престојот на Милошевиќ во притворот на Хашкиот трибунал.
На крајот на август 2004 година, во затворот во Шевенинген, за време на вечерата, се случи нешто многу необично, затворскиот персонал многу се вознемирил кога некој друг го добил оброкот на Милошевиќ. На судењето, на 1 септември 2004 година, Милошевиќ го спомна овој инцидент. На тој ден збор имаше одбраната. Трибуналот имаше намера да му го одземе правото на Милош – напиша Де Рајтер.
Comments are closed for this post.