Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервју за грчкото радио „Њуз 247″ реагираше на вчерашната изјава на Јоргос Кумуцакос и побара од одговорниот за надворешна политика во Нова демократија или да ја повлече изјавата или да докаже на суд дека „Каменос и Коѕијас меѓусебно се уценуваат”, јави дописничката на МИА од Атина.
Поранешниот министер за надворешни работи на Грција смета дека ваквите изјави не се политички коментар туку јавна навреда.
– Го повикувам господинот Кумуцакос да се извини и да ја повлече изјавата, бидејќи кога вели меѓусебно се уценуваат, се подразбира дека и јас уценувам. Ова или ќе го докаже, секако на суд, или ќе го повлече. Треба да бидеме јасни, рече Коѕијас, и објасни дека не може секој да кажува што ќе му текне и да клевети, додавајќи дека тој ќе ги одбрани неговата чест и достоинство, но и демократското функционирање на јавниот простор.
Comments are closed for this post.