Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ потврди денеска дека американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон би можел да го посети регионот кон крајот на август, иако Советот за национална безбедност на Белата куќа веќе соопшти за Гласот на Америка дека нема коментар на наводите на медиумите во Србија за неговата посета.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ изјави дека посетата на Болтон е можна ако има позитивни индикации дека Приштина би можела да ги укине санкциите.
-Доаѓањето на Болтон би значело дека прашањето на Косово за САД не е готова работа, односно едната страна да не може да добие сè, а другата сè да изгуби и дека еднострано прогласената независност на Косово е на несигурни нозе, кажа српскиот шеф на дипломатијата.
Официјалниот став на претходната американска администрација беше дека прашањето за Косово е решено, да тие повеќе нема да се справуваат со тоа и да тоа го префрлуваат на службените лица од трето и четврто ниво во Стејт департментот, потсети Дачиќ.
Министерот оцени дека тоа сега, сепак, се сменило.
Дачиќ кажа и дека Болтон, за време на нивната средба минатиот месец во Вашингтон, му кажал лично дека за нив косовскиот проблем и трајното решение за косовското прашање е високо на списокот на надворешнополитичките приоритети.
Болтон по средбата со Дачиќ на Твитер напиша дека „ се согласиле дијалогот со Косово да оди напред, бидејќи ни на една страна не и користи статус кво. Сега е време двете страни да дејствуваат.“
Дачиќ вчера најави дека „ќе ја организира српската дијаспора во САД на изборите следната година да гласа за Доналд Трамп
Comments are closed for this post.