Кина, на 23 минатиот месец, одбила барање од грчка компанија за употреба на терминот „македонско”, со образложение дека потребна е дозвола за употреба од соседната земја, откри Мариа Спираки, портпаролката на грчката опозициска партија Нова демократија, на брифингот со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.
-Без да го откриеме името на бизнисот, ве известувам дека од страна на Кина, постои отфрлено барање на грчка компанија за користење на терминот „македонски” за нејзините производи, со образложение дека не може да се користи без дозвола од соседната земја. Отфрлањето е со датум 23 февруари 2019, рече Спираки.
Портпаролката на Нова демократија, конкретниот пример го спомена во контекст на посетата на Ципрас на Скопје, а говорејќи за трговските ознаки коментираше дека „грчките бизниси веќе ја плаќаат цената од штетниот договор”.
-Со Договорот од Преспа, владата ги остави за три години нерешени прашањата за трговските имиња, трговските ознаки и за имињата за производите од нашата Македонија, рече Спираки
Comments are closed for this post.