Шефот на грчката дипломатија Јоргос Катругалос во обраќањето на министерскиот состанок за Берлинскиот процес во Варшава, во делот посветен на Балканот, како што соопштуваат од грчкото МНР, акцентот го ставил на решението на долгогодишниот проблем меѓу Северна Македонија и Грција, преку кое „во целост се зајакнува безбедноста и стабилноста во Југоисточна Европа, а паралелно го олеснува заедничкиот развој преку регионални проекти за поврзување, инфраструктура и енергетика“, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, на состанокот, според Министерството за надворешни работи на Грција, бил споменат и Договорот од Преспа.
Сите присутни лидери го поздравија Договорот од Преспа како модел на европскиот начин на решавање на разликите и алатка за стабилизација на регионот, а топло ги пофалија премиерот Ципрас и неговиот колега од Северна Македонија за нивниот храбро политичко дело, соопштуваат од грчкото МНР.
Comments are closed for this post.