Кога еден договор е ратификуван и претставува правна реалност, го толкуваш на начин на кој е во интерес на земјата, рече министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос на конференцијата посветена на грчко – американските односи, во организација на фондацијата за надворешна политика ЕЛИАМЕП.
Одговарајќи на прашање од присутните, шефот на грчката дипломатија говореше за резултатите и она што го направила актуелната влада. Го спомена стратешкиот дијалог со САД што започна во октомври мината година, а во однос на спорот со името се обрати до оние кои сметаат дека разликата меѓу двете земји не е решена. Ги повика да ги прочитаат изјавите на претседателот на државата, Прокопис Павлопулос, од Коница, „кој ги повикува сите да го толкуваат Договорот од Преспа, содржината и духот на договорот, онака како што треба за да не се остава ниту трага од иредентизам, а тоа го гарантира Договорот од Преспа”.
Со други зборови како и претседателот на државата, така и Евангелос Венизелос, во обраќањето во парламентот кој е друг значаен фактор го кажа она што се подразбира. Дека кога имаш ратификуван договор од твојата земја, дури и да имаш приговори за ратификацијата, кога веќе претставува правна реалност, го толкуваш на начин што е во интерес на земјата, а не на начин на кој ги зајакнува оние кои што сакаат да ги поткопаат интересите на твојата земја, рече Катругалос.
На конференцијата „Додадената геополитичка вредност на Грција и грчко- американските односи: Предизвици и можности”, организирана од ЕЛИАМЕП, свои обраќања имаа амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос и одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. Иако акцентот на сите говори беше ставен на односите Атина – Вашингтон и стратешките цели, сепак, неизбежно беше споменат и Договорот од Преспа.
Шефот на грчката дипломатија рече дека постои триаголник на нестабилност – Украина, Либија и Сирија, а во центарот е Грција, која, како што рече, и покрај економската криза, не е само фактор на стабилност, туку и извозник на стабилност, „нешто што го докажавме на најдобар начин со Договорот од Преспа”.
Амбасадорот на САД во Атина, ја спомена неодамнешната средба на грчкиот премиер со делегацијата на американскиот Конгрес на маргините на Минхенската безбедносна конференција, на кои ја истакнале улогата на Грција како столб на стабилност во регионот, „за значајниот придонес на земјата за време на мигрантската криза, за постигнувањето и имплементирањето на Договорот од Преспа и напорите да продолжи продлабочувањето на билатералните, одбранбените и безбедносните односи”.
Кумуцакос рече дека нема посебно да се осврне на „прашањето на Скопје, бидејќи настаните од изминатите денови, ја потврдуваат загриженоста на Нова демократија
Comments are closed for this post.