Бугарскиот кардиолог Петар Лазов кој доби плата од над 28.000 евра може да остане без лиценца за работа. Откриено е дека ставал стентови и на здрави пациенти.
Одземањето на лиценцата за работа е најтешката казна која може да му ја изрече Бугарската лекарска комора, доколку Комисијата за етика ги потврди информациите кои во јавноста ги изнесе Телевизија Нова.
Додека трае истрагата, кардиологот е времено суспендиран од страна на Обласната болница во Пазарџик.
Скандалот излезе во јавноста, по информацијата дека д-р петар Лазов за еден месец примил плата од 28.500 евра, односно 57.000 лева.
Ова иницирало вонредна контрола од страна на министерството за здравство и внатрешна проверка во болницата, по што е утврдено дека лекарот стентирал и здрави пациенти.
Comments are closed for this post.