Во однос на Северна Македонија никој не треба да си замислува дека со потпишувањето на Договорот од Преспа автоматски се добива и билет за Европската Унија – изјави вчера во Солун Костас Караманлис, поранешниот премиер на Грција, кој ја блокираше поканата на Македонија за НАТО во 2008 година.
Караманлис додаде дека Грција можела и може да бара уште повеќе во врска со северниот сосед, кој според него, има и други проблеми освен оние со Грција.
Во својот говор одржан вчера вечер пред „Асоцијацијата за македонски студии“, која прославуваше 80 години од постоењето, Караманлис истакна дека во следниот период за Грција постојат неколку важни предизвици.
Еден од предизвиците е одбраната и промоцијата на грчкиот карактер на Македонија и на заштитата на комерцијалниот бренд на името. Следниот предизвик според поранешниот грчки премиер е непостојаноста на САД, која „се одразува на битни прашања, како што се таканаречената Арапска пролет, контраверзните политики кон Сириското прашање, како и немањето на конзистентност на САД во нејзиниот однос кон Турција“.
Comments are closed for this post.