Неколкумина недоучени даскалчиња го составуваат македонскиот јазик и новата македонска азбука, изјави за „Труд“ бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов, по објавувањето на текстот за употребата на македонскиот јазик во спогодбата за статусот и контрола на бегалците.
Има протоколи од составувањето на јазикот во кои се вели:„Кога ќе го правиме јазикот ние треба да го земеме најзападното наречје, што е најодалечено од бугарското, да отстраниме некои бугарски зборови и да ги замениме со српски за да можеме да се зближиме со браќата Срби во Југославија“. Тоа се факти, вели Каракачанов.
Comments are closed for this post.