Бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов најави дека се подготвени да испратат војници на границата со Грција доколку состојбата со мигрантите ескалира. Според него, откако бегалците не успеаја да влезат преку Македонија, следен обид ќе им биде преку Бугарија.

Моментално на Бугарија не и се заканува опасност, но сакаме да ја осигураме националната безбедност на земјата. Ќе го известам премиерот Борисов дека во секој момент сме подготвени да испратиме 3.000 војници на грчката граница со транспортна техника за да помогнеме да се воспостави ред со нелегалните групи мигранти-напиша Каракачанов на Фејсбук.