Поранешнот министер за одбрана во Владата на Ципрас, по изгласувањето на Протоколот во Атина, бил снимен како танцува на музика од бузуки во ноќен клуб. Видеото веднаш се прошири на социјалните мрежи, а го објавија и грчките медиуми.

Министерот кој даде оставка поради договорот со Македонија, викендов е главна тема во Атина. Танцувањето по распадот на неговата пратеничка група,  за неполни 20 часа му донесе безброј критики. Грците коментираат дека ова покажава всушност оти се што се случувало во изминатиот период било само театар.

Според грчките медиуми оние кои го забележале и снимиле, раскажале дека Панос Каменос во еден момент станал и заиграл во ритмот на песната „Ако те немав тебе“.

„Не е познато, на кој или на што била посветена“,  коментира „То Вима“.