Босна и Херцеговина денеска гласа на парламентарни избори. Ова се осми по ред на сите нивоа на власта од прогласувањето независност на таа држава во 1992 година. Околу 3,3 милиони луѓе имаат право да гласаат за низа институции во комплексниот систем на владеење на Босна, кој беше создаден со мировниот договор со кој заврши војната, во која загинаа 100.000 луѓе, а милиони станаа бездомници.
Изборите се спроведуваат без претходна промена на Изборниот закон што е прогласен за неуставен. Медиумите во државата како проблем го наведуваат и избирачкиот список што не е прочистен. На изборите учествуваат вкупно 128 политички субјекти, и тоа значи дека условите за кандидирање ги исполнија 53 политички партии, 36 коалиции и 46 независни кандидати. На изборните листи се имиња на 7.497 луѓе кои сакаат да бидат дел од власта.
Ќе се бираат членови на Претседателството на БиХ, за пратеници во Парламентот на БиХ, пратеници во Претставничкиот дом на Парламентатот федерацијата на БиХ, претставници во Народното Собрание на РС, за претседател и двајца потпретседатели на тој ентитет и за пратеници во собранија на десет жупании во Федрацијата БиХ.
Comments are closed for this post.