– Високиот претставник во БиХ, Валентин Инцко, кој вчера поднесе оставка по 12 години на функцијата, нагласи дека Дејтонскиот мировен договор не предвидува мирно разидување во БиХ.
Во интервју за белградска Политика, Инцко, одговарајќи на прашање во врска со „нон-пејпeр“ што се појавија неодамна, рече дека со ннив е направена голема политичка штета и е создадена атмосфера на нестабилност. Коментирајќи ја иницијативата за затворање на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР), Инцко рече дека политичарите кои се најодговорни за нејзиниот опстанок се оние кои најмногу зборуваат за потребата од нејзино затворање. Тој изјави дека во 2009 година, кога ја презел функцијата, добил документ на кој пишувало „затворање на ОХР што е можно поскоро“, но само со претходно исполнување на „пет плус два услови“, вклучително и примена на владеењето на правото. Инцко додаде дека со текот на времето постоела подготвеност да се затвори канцеларијата, но тоа е откажано поради, како што рече, „повторното поставување на приказната дека меѓу-ентитетската линија треба да биде граница, дека Уставниот суд на БиХ не треба да биде почитуван,дека БиХ е невозможна држава и дека е потребно мирно раздвојување… “.
Инцко посочи дека одлуката за затворање на ОХР може да ја донесе само Советот за спроведување на мирот, по препорака на високиот претставник, што треба да биде поткрепено со докази од кои може да се заклучи дека се исполнети сите поставени услови.
Comments are closed for this post.