Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека е подготвен да поднесе оставка, па дури и да умре, ако тоа помогне во разрешувањето на политичката криза во државата, јавуваат агенциите.
Мета рече дека откако не успеал во напорите да се постигне договор, тој е подготвен да се повлече ако биде „убеден дека државата има полиичко, уставно и солидно решение“. Тој пред две години беше избран со гласовите на владејачката левооринтирана Социјалистичка партија, но од тогаш тој не е во хармонични односи со владата.
Пред новинарите во Подградец тој исто така се спореди со чилеанскиот претседател Слвадор Аљенде, кој во 1973 година изврши самоубиство, кога по воениот удар во Чиле војската ја опкружи неговата палата.
Мета рече дека тој подготвен да го жртвува својот живот како Аљенде за да го спречи „распоредувањето на една хунта, која би ја вратила Албанија 30 години назад“.
Comments are closed for this post.