Српскиот претседател Александар Вучиќ во емисијата „Кирилица“ на телевизијата „Хепи“ објасни како Груевски избегал од Македонија, односно кога и како поминал низ Србија на пат кон Унгарија.
Објаснувајќи дека Србија не можела да го уапси Груевски бидејќи немало потерница и дека Србија, Црн Гора и Албанија направиле се според законот, Вучиќ потести дека и поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ, исто како и македонскиот премиер, набавил блинидран „мерцедес“.
И Тадиќ на ист начин набави автомобил, за иста сума, еве ги документите, но немаше никаква причина тој да биде уапсен бидејќи тој не оствари никаква противправна корист, а „мерцедесот“ ѝ остана на државата, рече Вучиќ.
Поранешниот претседател на Србија во 2010 година набави блинидран „мерцедес“ за кој српските власти платија 600.000 евра, исто колку што чинеше мерцедесот што го купи владата на Груевски.
Comments are closed for this post.