Претседателот на Косово, Хашим Тачи отпатува денеска за Јапонија, каде што ќе биде примен од царот Нарухито и премиерот Шинѕо Абе, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со оваа посета, како што напиша Тачи на својата страница на Фејсбук, се одбележува десеттата годишнина од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Косово и Јапонија.
На пат за Јапонија, каде што ќе бидам примен од Неговото височество, Царот на Јапонија и од премиерот Шинѕо Абе. Оваа посета ја одбележува 10-годишнината од дипломатските односи меѓу нашите две држави. Јапонија останува значаен партнер и поддржувач на Косово на сите полиња, напиша Тачи.
Comments are closed for this post.