Советничката група на хрватската Социјалдемократска партија во Градското собрание на Загреб поднесе предлог за враќање на името „Маршал Тито“ на плоштадот што сега го носи името „Република Хрватска“ во главниот град.

Загрепски „Јутарњи лист“ објавува дека предлогот го поднел шефот на загрепската СДП, Виктор Готовац приложувајќи образложение на пет страници.

На првите две страници се наведени заслугите на поранешниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, за независноста на Хрватска, со граници на државата во чии рамки се вратени сите хрватски региони. Објаснувањето содржи и биографија на Броз, за која Готовац вели дека се посочени сите заслуги на Тито од страна на историчарите, интелектуалците и политичарите.

– Јосип Броз, Маршал Тито ја донесе идејата за нашето хрватско политичко и културно ослободување до целосна победа, се вели во образложението на предлогот, во кое се наведува хрватскиот суверенитет што бил прекинат во раниот среден век, Маршалот го одбранил и воспоставил во една од најкрвавите војни во историјата, а замислата за ослободување ја претворил во целосна победа, крунисувајќи ја со атрибутите на целосна национална независност и државност.

Готовац посочува дека Јосип Броз Тито и ги вратил на Хрватска сите нејзини растргнати градови, острови и провинции, од Далмација со Ластово, најпознатиот град од хрватското минато – Задар, потоа Кварнер со Црес, сите острови, Риека и на крајот Истра.

Притоа се нагласува и политиката на Тито и неговата улога во Втората светска војна.

– Да не беше далекувидната политика на Тито и неговите соработници – хрватскиот народ ќе се најдеше во несразмерно неповолна положба по Втората светска војна отколку што беше по распадот на Австрија во 1918 година, се наведува меѓу другото во образложението, чии делови пренесува „Јутарни лист