Состојбата со болеста во Хрватска се подобрува па затоа Властите пристапуваат кон олеснување на мерките кои ќе стапат на сила од петок.
Хрватските медиуми пишуваат дека ќе бидат можни свадби до 120 лица. Услов ќе биде гостите да имаат негативен тест, да ја прележале болеставо последните шест месеци или да се имунизирани со две дози.
Ограничувањето за собирање луѓе е зголемено од 25 на 100 лица. Отворена е можноста за работа на рестораните во затворени простории и укинато е ограничувањето поврзано со по*реби. Собирите и свеченостите можат да работат до 23 часот, нема да има ограничување на бројот на луѓе на по*реби, но забрането е да се изразува сочувство преку близок контакт.
Пекарниците ќе можат да работат до 23 часот, а работното време на угостителските објекти ќе биде од 6 до 23 часот. Објектите што имаат минимално решение за послужување храна е дозволено да се служат во затворено, а тоа се ресторани, барови, пабови.
Кафулињата можат да работат на отворено, а казината и клубовите со автомати можат да работат до 23 часот. Можно е да се одржуваат работилници за деца во затворено, а останува забраната за тренинг во училишните сали.
Comments are closed for this post.