Вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека Белград од Приштина барал 950 квадратни километри територија во Косово.
Србија бараше 950 километри. Конкретно. Темата за поделба веќе не е на маса, работите се развиваат понатаму. Вучиќ се уште ја користи поделбата. Тие ја вршат својата работа“, изјави Харадинај за „Газета експрес“.
Според порталот Коссев, Харадинај додал дека српскиот претседател Александар Вучиќ се уште „се жали“ во разни кругови дека Косово не се согласило на договорот.
Харадинај оцени дека Србите ги координираат нивните настапи и дека на Косово му недостасува координација.
Тие играат добар и лош полицаец. Вучиќ е добар полицаец. Дачиќ е лош. Тие координираат, а ние не. Хашим го игра добриот полицаец, но против својата земја. Јас сум лошиот полицаец, но јас го штитам Косово”, изјави Харадинај.
Comments are closed for this post.