Од нас се бара да дадеме шанса на политичкиот дијалог. Оваа недела може да биде драматична, изјави денеска косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Тој заедно со претседателот Хашим Тачи се сретнаа со американскиот амбасадор на Косово Филип Коснет кој од нив побарал укинување на таксите за српските производи. Но Харадинај останува на ставот дека таксите нема да бидат укинати и дека тоа е одлука на суверена земја. Не ја исклучува можноста за распад на владината коалиција.
Тоа би можело да доведе до уривање на владината коалиција што значи распишување на предвремени парламентарни избори. До тоа би можело да дојде веќе наредните денови. Ние сме во прави политички процеси. Се е можно во наредните деновии недели. Прво да се решат некои важни прашања како што е узвојувањето на буџетот, рече Харадинај.
Comments are closed for this post.