Од денеска границата меѓу Косово и Албанија не постои, објави косовскиот премиер Рамуш Харадинај на неговиот Фејсбук профил по церемонијата која попладнево се одржа по повод потпишувањето на договорот на двете земји за подигање единствен граничен премин.

Ќе имаме само една заедничка станица. Работата ќе продолжи и во март ќе влеземе во втората фаза од целосната елиминација на границата меѓу Косово и Албанија, врз основа на принципите на Шенген, пишува Харадинај.

Целта на спогодбата е интегрирано менаџирање на границата од двете држави.