Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, изјави дека оставката ја поднел заради повикот на Специјалното обвинителство од Хаг, а не, како што кажа, притисокот од САД и ЕУ за ставовите што ги застапува во дијалогот со Белград.
-Јас ја исполнив законската обврска да се јавам пред Специјалното обвинителство како осомничен во истражна постапка. Дадов оставка на местото шеф на владата, а повикот сам по себе има политички импликации. Со оглед на тоа дека двапати се појавив на суд и дадов можност меѓународното правосудство да го преиспита тој период од војната во целина, бев многу изненаден од повикот, рече тој во интервју за албанскиот сервис на Гласот на Америка (ВОА).
На прашањето на ВОА за тоа дека повикот уследил затоа што одби да ги укине таксите од 100 отсто за сета стока од Србија , Харадинај кажа дека „на Косово постои сомнеж дека станува збор за завера“.
-Тоа што можам да го потврдам е дека верувам во политичките ставови кои ги изнесов на најискрен начин пред меѓународните партнери: границите на Косово не се спорни и нема дискусија за територија и граници, спогодбата со Србија треба да се постигне со взаемно признавање во постојните граници, бидејќи Косово не може да дозволи творби како што е републиката на Додик, тоа ја носи Русија на Косово. Тарифите се укинуваат со признавањето, вели харадинај.
На прашањето дали очекува нови избори Харадинај кажа дека очекува тоа да се случи на крајот на септември или почетокот на октомври
Comments are closed for this post.