Додека Србија не го признае Косово, не треба да се намалат царините, смета премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.
Зборувајќи во Парламентот, Харадинај додаде дека косовскиот претседател, Хашим Тачи, преговара со Белград на поинаков начин, додека неговиот став е Косово „само со санкционирање може да добие признание од Србија“.
Без ваков пристап невозможно е да се постигне меѓусебно признавање ниту може да се постигне взаемно прифатлив договор, нагласи Харадинај.
Comments are closed for this post.