Вработените во зграда во Загреб, каде канцеларија има и редакцијата на „Јутарњи лист“ денеска се евакуирани поради дојава на бомба.
Сите вработени во зградата „Ханза Медиуми“ се евакуирани откако во одделението на „Јутарњи лист“ за некролози добило предупредување дека во објектот е поставена бомба.
Хрватската полиција го истражува случајот.
Пред два дена беше евакуирана зградата на „Слободна Далмација“ во Сплит, по што се утврди дека се работи за лажна дојава за подметната бомба.
Comments are closed for this post.