Две лица се потврдени за загинати, шест други се повредени, а најмалку дваесетина се заробени под урнатините на шесткатницата што се урна во Истанбул.


Според првичните информации на ликалните власти во Истанбул, најверојатна причина за уривањето на зградата во населбата Картал е експлозија.


Во зградата, што се наоѓа во азискиот дел на Истанбул, имало 24 станови.

Превентивно властите спроведиа евакуација на две соседни згради.