Во Хрватска, сите видови на гориво поскапеа, а дизелот ја проби границата од 11 куни (1 евро е 7,5 куни) и е најскап во последните седум години. Реагираше и Владата, а на полноќ стапи на сила декрет, со кој се ограничува цената на бензинот на 11 куни и 10 липи за еден месец, а дизелот на 11 куни.
Сепак , Хрватите купуваат гориво во БиХ, каде што горивото во просек е поевтино за околу два и пол куни по литар. Така, граѓаните можеа да заштедат до 130 куни за еден резервоар дури и на бензинските пумпи во Босански Брод, каде што цените традиционално се малку повисоки отколку во другите делови на земјата.
Па така за викенд автомобили со хрватски регистарски таблички се чести посетители на бензинските пумпи во Босански Брод.
Покрај гориво се купува и масло за автомобил, антифриз, зејтин, алкохол, цигари, лекови, детергент, тоалетна хартија…
Comments are closed for this post.