Албанскиот претседател Илир Мета се надева дека Белград и Приштина ќе постигнат договор на „добар и одржлив начин“, со што ќе се придонесе за засилување на регионалната стабилност.
Се надеваме дека договорот меѓу Македонија и Грција ќе се имплементира и дека ќе биде постигнат договор меѓу Белград и Приштина на добар и одржлив начин. Балкансот страдаше со години и на тоа треба да се стави крај. Само мирен и просперитетен регион може да им донесе иднина на младите – изјави Мета за белградскиот весник „Данас“.
Мета вели дека силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина затоа што нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово, ќе им помогне и на Србија и на Косово, но и на Албанија „да живеат на нормален начин, без стрес и незибвесност“.
Мислам дека договор меѓу Белград и Приштина би ја засилил регионалната стабилност и би му донел олеснување на регионот, нагласува Мета.
Comments are closed for this post.