Државната изборна комисија во Албанија најави дека денеска ќе ги објави конечните резултати од парламентарните избори што се одржаа во неделата. Албанската владејачка Социјалистичка партија обезбедила 49,4% од гласовите на парламентарните избори во недела, соопшти во понеделникот државната изборна комисија врз основа на досега преброените гласови. Опозициската Демократска партија е на второто место со 38,8% од гласовите, додека на третото е Социјалистичкото движење за интеграција со 7,1% од гласачите. Албанија, која има 2,8 милиони жители, но 3,6 милиони гласачи поради својата голема дијаспора, има историја на насилство и обвинувања за изборни измами во последните три децении од крајот на комунизмот.
Денеска треба да бидат објавени официјалните резултати од изборите во Албанија
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.