Босанскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ оцени дека казната доживотен затвор за Радован Караџиќ е заслужена и оти „жртвите на неговите злосторства како и целиот цивилизиран свет можат да бидат задоволни”.
Според него, правдата е делумна затоа што со пресудата не е осуден и за „геноцидот извршен во другите општини”.
Денеска на комплетното воено раководство на РС ми е пресудено за здружен злосторнички потфат, геноцид и злосторство против човештвото, изјави тој и додаде дека „пресудите не ги доживува како пресуди за српскиот народ туку за проектот на Милошевиќ”.
За претседавачот со Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ денешната доживотна казна затвор за воениот злосторник Радован Караџиќ е од исклучителна важност за разбирање на минатото, за безусловно прифаќање на вистината и правдата, за делумна сатисфакција за семејствата на невините жртви, но и за очекуваниот процес кој треба да следи поради соживотот и идните генерации во БиХ, а тоа е општо прифаќање на пресудата и откажување од геноцидното и злосторничко наследство кое зад себе го остави Караџиќ.
Без соочување со вистината за извршените злосторства и задоволување на правдата, невозможно е да се излечат раните од минатото и да има надеж за изградба на доверба и стабилност. Сочувствувајќи, пред се, со семејствата на жртвите, се надевам дека денешната пресуда ќе им помогне да најдат мир и внатрешна сила за простување и помирување, рече тој.
Звиздиќ очекува и ги повика претставниците на „оние политики кои го величаа воениот злосторник Радован Караџиќ, да ја прифатат пресудата, да преминат на страната на вистината и трајно да ги осудат и да се оградат од оние кои планирале, организирале и извршиле масовни злосторства, и да престанат со антицивилизациски величања на осудени воени злосторници и срамна ревизија на историски факти
Comments are closed for this post.