Црна Гора, во изминатите две години членство во НАТО, ја зајакна безбедноста и се стекна со сојузници кои се подготвени да и помогнат со секој нејзин предизвик, изјави денеска црногорскиот премиер Душко Марковиќ по повод две години членство во Алијансата.
Тој посочи дека со членството во НАТО Црна Гора ја зајакнала безбедноста на земјата, придонела за стабилноста во регионот и создала услови за развој и подобар живот на граѓаните. Марковиќ вели дека не станува збор само за воено сојузништво, бидејќи тоа придонесува за раст на странските инвестиции и зголемен број туристи.
Верувам дека дури и оние кои не го поддржуваа патот на Црна Гора во НАТО, сега гледаат тоа е нераскинлив дел од нашето идно членство во ЕУ, кон кое Црна Гора, со севкупниот општествен напредок и преобраза е секој ден се поблизу, потенцираше шефот на црногорската Влада.
И министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ оцени дека Црна Гора, со членството во НАТО добила најдобра поддршка за територијалниот интегритет, суверенитет, неповрдливост на границите, внатрешната безбедност, стабилност и мир.
Comments are closed for this post.