Црна Гора е во потрага по 57 свои државјани исчезнати во војните на подрачјето на поранешна Југославија во 90-те години на минатиот век, соопштија црногорските власти.
На територијата на Косово се бараат 44 лица, десет во Босна и Херцеговина и три во Хрватска – соопшти Владата.
Претседателот на владината Комисија за исчезнати лица Драган Ѓукановиќ и координаторот на Регионалната канцеларија на УНДП Ивана Јовановиќ договорија идна соработка и размена на информации важни за решавање на судбината на исчезнатите.
Договорено е Канцеларијата на УНДП да овозможи повеќе техничка и стручна помош во постапката на барање, размената на податоци и билатералната соработка со државите во регионот, се наведува во соопштението.
Црногорската Влада досега има потпишано протоколи за соработка со слични комисии во Хрватска, во Србија и во Косово, а во тек се преговори и со Советот на министри на БиХ
Comments are closed for this post.