Успешно е лансиран првиот бугарски сателит „Балкан-1“ кој ќе пренесува податоци за програмата Коперник на Европската унија, јави БТА. Развиен од компанијата EnduroSat и беше лансиран во орбитата со ракетата Falcon 9 на SpaceX од воздухопловната база Ванденберг во Санта Барбара, Калифорнија. Лансирањето на мисијата беше следено онлајн во Планетариумот на Вишата поморска школа (ВВМУ) „Никола Ј. Вапцаров“ во Варна.

Сателитот има за цел да добие податоци од просторот од национален и регионален интерес, објасни за БТА Љубомир Тошев, софтверски архитект во EnduroSat.

Може да ги следи морските басени и бродови, да обезбедува помош при катастрофи, да ја мапира Земјата и да ги следи крајбрежните области и стратешката инфраструктура. Главната идеја е да се придонесе и за безбедноста.