Боингот 737 кој принудно слета во Тел Авив припаѓал на бугарската авиокомпанија „Електра ер“. Нему за време на летот од Келн му се дупна гумата и почнал да губи рамнотежа. Тоа било знак да побара принудно слетување.


Веднаш по влегувањето во израелскиот воздушен простор го дочекале два воени авиони Ф-16. Боингот во лет го испуштил горивото за да биде полесен за време на слетувањето но и да нема можност да се запали.