Албански гангстери од Лондон постираат слики со оружје, кеш и скапи коли докажувајќи дека не можат да се сопрат во дилањето кокаин.
Британски „Експрес“ објавува дека тоа е последен пример на „британското безаконие“, при што и озлогласените членови на бандата „Хелбанианс“ живеат луксузен живот и зад решетки.
View this post on Instagram
I’m trying to spend It.. You still trying to make it ?? #SnowMoney not #ShowMoney
Хелбанианс е банда, главно стационирана во Есекс, и таа е една од бандите со врски со мафијата во нивната татковина од каде директно соработуваат со нарко картелите во Јужна Африка. Експерти велат дека Албанци се способни да донесат големи количества чист кокакин, и токму поради тоа во земјата сега се поајвил вишок од таа дрога на пазарот.
Власите велат дека албанските криминални групи станале многу влијателни и имаат значителен удел во пазарот на дроги. Албанците, пак, се третата по бројност затворска популација, по Британците и Пакистанците.
Многу од членовите на бандите се деца на Албанци кои побегнале од војната на Косово. На Инстраграм тие објавуваат фотографии и видеа на кои се пее албански рап. Тие имаат свое мото:„Ни господариме со улиците“.
Еден затвореник кој се претставува како Пато, напишал дека неговата „затворска ќелија е како дом или кафетерија во Амстердам“.
Comments are closed for this post.