Коалицијата Албански форум, во која влегуваат Албанска алтернатива, Демократски сојуз на Албанците и Демократска унија на Албанците победи на локалните избори во Туз, Црна Гора. Според неофицијалните резултатите, Форумот освоил 3.682 гласови, што е 50 проценти од вкупниот број избирачи кои гласале.
Демократската партија на социјалситите на Мило Ѓуакановиќ освоила 2.490 гласови (31 отсто), додека Бошњачката партија освоила 960 гласови, односно 12 проценти.
Дел од српските медиуми овој изборен резултат го пласираше како „остварување на најлошото сценарио“, дека „Ѓуакановиќ е дотолчен’ и дека „Албанците ги остваруваат своите цели, ја прават Голема Албанија“.
Ова беа првите локални избори во Туз откако таа стана самостојна општина.
Денес е историски ден. На изборите во Туз ќе победи коалицијата на албанските партии кои ја формираа центрите на големоалбанската политика и дијаспората во Приштина, Тирана и САД – коментираше на својот Фејсбук профил Небојша Медоевиќ, претседателот на Движењето за промени.
Тој истакнува дека „со победата на албанската коалиција се официјализира почетокот на реализацијата на отцепување на дел од територијата на Црна Гора и нејзино присоединување со Албанија“.
Инаку, денес албанскиот министер за Европа и надворешна политика, Гент Цакај им честиташе на Албанците кои живеат во Туз за изборната победа на локалните избори. Според Цакај, Туз одржа лекција дека и покрај политичките разлики само со соработка може да се одговори на албанските интереси.
Comments are closed for this post.