Наспроти апелите на меѓународната заедница за смирување на политичките тензии,со започнување дијалог, политичката криза во Албанија се продлабочува.
Откако владејачките социјалисти претпладнето соопштија дека доставиле барање до Парламентот со што официјилано почнува постапката за импичмент на претседателот Мета, попладнево тој доби одговор од Централната изборна комисија(ЦИК) на барањето колку пратенци има законодавниот дом, што се смета за прв негов чекор кон распуштање на Парламентот.
Во одговорот на ЦИК се наведува дека од вкупно 140 пратенички места пополнети се 122. По откажувањето од пратеничките мандати од страна на опозицијата пополнети се со други пратеници од кандодатскте лсти на партите. По исцрпување на листата на Демократската партија, поради несогласување на дел од кандидатите,останаа непополнети 18 пратенички места.
Деновиве, коментирајќи ја иницијатвата на социјалистите за негово разрешување, Мета рече дека претседателот е „избран од парламент секако не како овој, туку од целосно легитмен парламент“, додавајќи дека „ретседателот и припаѓа на Републиката, а Републиката на албанските граѓани“.
Comments are closed for this post.