Дритан Абазовиќ во црногорското собрание рече дека целта на неговите непријатели била тој  да се криминализира како премиер.

-Дојде странски дипломат и го кажа следново: Она што се подготвува е истото сценарио како и со Ѓинѓиќ. Да, ако нешто ви се случи, никој не вели дека тоа се случило поради борба против криминалот, туку поради поврзаност со криминал- рече Абазовиќ.