Едно момче што доставува пици во Турција се соочува со казна затвор од 18 години, поради наводно плиукање во храната на муштеријата. Обвинението за 18-годишниот Бурак С. откако сигурносните камери го снимаат како ја отвора кутијата со пица пред вратата на муштеријата и прави селфи додека се наведнува над пицата.
Настанот се случил на петтиот кат од една зграда во градот Ескишехир, во северозападниот дел од Турција. Внукот на муштеријата што ја добил пицата ја видел снимката, по што му кажал на својот чичко, кој пријавил во полиција и во пица компанијата
За време на судењето, Бурак С. изјавил дека не плукнал во пицата, туку дека ја отворил кутијата за да се осигура дека таа не е оштетена при незгодата што ја имал дури патувал натаму. Сепак, тој е обвинет за „загрозување на живот со ставање отров или расипување на храната со други средства“ за што може да добие затворска казна од 15 години.
Исто така, тој се соочува и со судски процес под обвинение за „оштетување на имотот и загрозување на здравјето на муштериите“ за што може да добие од четири месеци до три години затвор.
Дознав дека човекот што ја нарача пицата го колнел мојот колега Ајлин. Знаев дека е проблематичен муштерија. Затоа ја отворив пицата за да проверам дали има некаков проблем и дали пицата е цела. Апсолутно не плукнав на пицата – изјавил обвинетиот Бурак
Затоа, пак, муштеријата кај кого била доставена пицата изјавил дека добил телефонска порака од сосед, кој му кажал да не ја јаде пицата затоа што доставувачот плукнал во неа.
Кога ги проверив снимките од безбедносните камери, видов дека тој навистина плукна во мојата пица – изјавил муштеријата, Хусеин Алјуз.
Криминалистичкиот суд го одложи судењето протв Бурак за февруари, за да се изврши форензичка анализа и да се оцени ризикот за заболување од пицата, додека судењето за прекршување на правата на потрошувачите се уште не е закажано.
Comments are closed for this post.