Бугарија била единствената земја од ЕУ што не го прифати Акцискиот план за малцинства што го изготви македонската влада. Премиерот Мицкоски рече дека единствената причина за тоа е тоа што бил напишан на македонски јазик и оти ова уште еднаш покажа кои се вистинските намери на источниот сосед.
Многумина се прашуваат што е Акцискиот план за малцинства и за што служи. „Пресинг ТВ“ со објаснување за овој документ кој може да биде дополнително отежнување меѓу односите меѓу Софија и Скопје.
Акциски план за малцинства е официјален документ (план) што го изработува држава, општина, институција или организација со цел да се подобри положбата на етничките, јазичните, верските или други малцинства во општеството.
Тој созджи конкретни цели,мерки и активности и рокови. Најчесто се однесува на образование, Вработување и економска еднаквост, култура и зачувување на идентитет.
Во контекст на пристапните преговори со Европска Унија, Македонија изготви Акциски план за правата на малцинствата и заедниците како дел од исполнување на барањата од ЕУ стратегиите за човекови права и за малцинства. Овој документ треба да покаже што земјата ќе преземе за подобрување на положбата на малцинските заедници.
Што предвидува европскиот консенсус“ од 2022 година
Европски консензус“ од 2022 година се однесува на заеднички прифатени заклучоци и принципи на Советот на Европската Унија, што беа усвоени во јули 2022 година и кои го поставија рамковниот принцип за продолжување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
ЕУ во тој консензус нагласи дека Македонија треба да ги почитува и спроведува договорите што ги има со соседите, вклучителн Договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција. Овие договори се сметаат како дел од исполнување на политичките критериуми за членство.







Comments are closed for this post.