Некои земји предложија новите членки да бидат без целосно право на глас, но Европската комисија ги отфрли таквите барања, оставајќи ја можноста за преодни периоди и посебни одредби во договорите, пренесе Блиц.рс

Моделот на новата политика предвидува постепена интеграција на кандидатите, овозможувајќи им пристап до одредени програми и политики на ЕУ дури и пред полноправното членство, со што ќе се одговори на несогласувањата меѓу членовите околу темпото и длабочината на проширувањето.

На 30 септември, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, лично ќе ја презентира новата политика за проширување, односно редефинираниот пат што ќе треба да го поминат сите идни членки – од кандидатура до влез и првите години од коегзистенцијата во рамките на Европската Унија, на седницата на Колегиумот на телото што го раководи.

Станува збор за стратешки документ „Реформи пред проширувањето и прегледи на политиките“ што ќе даде насоки, но нема да има правно обврзувачко значење за земјите-членки што ќе го спроведат.

Извор.„Блиц.рс“