Pressing TV
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
сабота, 17 јануари 2026
  • facebook
  • twitter
  • youtube
  • Македонија
  • Економија
  • Хроника
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, ургирал и кај обвинителството да му помогне!

17.01.2026 / 18:34
Share this...
Share on Facebook
Facebook
Pin on Pinterest
Pinterest
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, ургирал и кај обвинителството да му помогне!

Докторот и сопственик на клиниката Жан Митрев, во интервју на национална телевизија, кажа дека Венко Филипче и Зоран Заев, му се заканувале со цел да му ја одземат болницата, истакна Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Во екот на судскиот случај којшто се одвивал против Митрев, кога биле на власт и од позиција на моќ, големците Филипче и Заев, едниот како премиер, другиот како министер за здравство, искористиле момент и преку свои далеку познати методи и пракси, сакале да му го земат сопствеништвото врз клиниката Жан Митрев. Преку институциите, на Митрев му биле блокирани личната сметка и сметката на болницата, а притисокот одел дотаму што имал и забрана за продажба на истата. Во своето сведоштво, Митрев вели дека откако одредени поединци од тогашната власт, тука секако се мисли на Заев и Филипче, изразиле желба да му ја одземат болницата, по само една недела ЈО му ја отстранило забраната. Како е ова можно се прашуваме? рече Стојановски.

Исто така, дополни Стојановски, д-р Жан Митрев обелоденува дека сакале да му ја откупат болницата, по цена далеку пониска и од реалната и од пазарната.

Стојановски рече дека „ВМРО-ДПМНЕ е згрозено од тоа до каде Филипче заедно со менторот Заев, биле спремни да одат само за да се збогатат“.

– Додека луѓе умираа секојдневно од ковид кризата, за којашто Филипче и Заев не обезбедија вакцини навремено, тие се занимавале со сценарија за одземање на сопствеништвото на Жан Митрев во истоимената болница. Наместо  да мислат на добробитот на граѓаните, за ова дуо слушаме, згради, автокомпании, авиокомпании, анекси, договори, тендери, набавки, па сега и болници. Го повикуваме ЈО веднаш да го истражи случајот и неселективно да постапи, истакна Стојановски.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Pin on Pinterest
Pinterest
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Categories: Македонија Ознаки: жан митрев

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Најнови вести

Македонија

Ептен се налути: Филипче ќе го тужи Жан Митрев дека со другар му Заев сакале да му ја земат клиниката

пред 5 часа
Македонија

Поранешната Стоковна куќа во Радовиш ќе стане културен центар со музеј

пред 5 часа
Спорт

Mакедонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат мечот Шведска-Холандија

пред 10 часа
Македонија

Заев и Венко сакале да му ја земат на Жан Митрев клиниката?

пред 20 часа
Спорт

Пораз од Данска што не боли

пред 22 часа
Македонија

Ептен се налути: Филипче ќе го тужи Жан Митрев дека со другар му Заев сакале да му ја земат клиниката

пред 5 часа
Македонија

Поранешната Стоковна куќа во Радовиш ќе стане културен центар со музеј

пред 5 часа
Македонија

Заев и Венко сакале да му ја земат на Жан Митрев клиниката?

пред 20 часа
Македонија

Мицкоски очекува брзо да помине Законот за прекршоци

пред 1 ден
Македонија

Партиите се блиску до договор за Сејф Сити“

пред 2 дена
Македонија

Хајлурахи: В.д Јавниот обвинител Толовска- Исајловска е загрозена од мојата изјава дека размислувам да конкурирам за Републички јавен обвинител

пред 2 дена
Македонија

Jaвното обвинителство поднесе претставка до Адвокатката комора за Хајлурахи

пред 2 дена
Македонија

Забрадениот Артан Груби

пред 3 дена
Македонија

Касами сака кола бесна убава и лесна (ФОТО)

пред 3 дена
Македонија

Техничката влада ќе се укине, ама не за следните избори

пред 3 дена
Pressing TV
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Важни информации за корисниците
  • Контакт

© 2018 Pressing TV