Откако пратеникот од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари порача дека УЧК и нејзините борци не се терористи и бара веднаш да се смени таблата пред спомен-обележјето на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“, поставена во спомен на загинатите специјалци и полицајци во масакрот кај Вејце во 2001 година, слично барање дојде и од самиот Таравари.

„Кога министер на мултиетничка држава, а не приватно лице, положува цвеќе и оддава почит на спомен-плоча каде што јасно е видлив терминот „албански терористи“, тој со тоа ги навредува своите сограѓани идентификувајќи ја етничката припадност како криминална карактеристика. Ова, според кој било меѓународен стандард, е шовинистички и дискриминаторски јазик што мора да биде санкциониран“, порача Таравари.
„Паднати во војна против албанските терористи“ е реченицата што им пречи на Таравари и Снопче.
Тараари побара министерот за одбрана да даде јавни објаснувања и да интервенира врз основа на овластувањата што ги има за да го промени овој, како што вели, говор на омраза на таа плоча што стои во касарната „Илинден“. Според лидерот на АА, со терминот „албански терористи“, како што вели тој, се навредуваат Албанците и Охридскиот договор, потенцирајќи дека борците на УЧК биле борци за слобода, а не како што ги опишува плочата.







Comments are closed for this post.