Министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски денеска на Фејсбук објави дека постои огромен интерес за користење на Градскиот воз.

За три дена Градскиот воз превезе околу 1.500 патници, интересот е голем и очекуваме да надмине бројка од преку 100 илјади патници, напиша министерот.