Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата нема да прифати уставни измени под услови кои, како што рече, директно го засегаат македонскиот идентитет, доколку за процесот нема јасна предвидливост и конечен исход.

Тој посочи дека актуелната позиција на Владата е резултат на, како што оцени, погрешните политики на претходната власт, но нагласи дека станува збор за историски процес во кој државата ќе продолжи да се бори за своите позиции.

 Поради лошите криминални и предавнички политики на претходната влада нашата позиција е таква каква што е. Но ова се историски процеси, ние ќе се бориме. Кај нашиот источен сосед политичарите за да го применат принципот на Живковизмот чекаа децении да се родат политичари од типот на тие што беа претходните седум години. Така што, ако треба и ние ќе чекаме децении. Но политики кои директно влијаат врз нашиот идентитет, а од една страна не нудат предвидливост и јасен крај на тој процес, немам намера додека јас сум претседател на Владата по било која цена да влезам во една таква авантура, изјави Мицкоски.